ГРУПНИ ТРЕНЕРИ

Катерина Филиповска е сертифициран фитнес тренер која верува во индивидуален пристап и реални, одржливи резултати. Нејзините функционални групни тренинзи се насочени кон развој на сила, издржливост и подвижност, додека персоналните full body сесии се внимателно прилагодени на целите и нивото на секоја клиентка. Како лиценциран тренер за Reformer Pilates, Катерина помага во подобрување на стабилноста, балансот и обликувањето на телото. Преку заедницата „Вежбаме со Кате“ создава мотивирачка атмосфера во која секој напредува со поддршка и позитивна енергија.

Кирил Стојановски е дипломиран професор по физичко образование, спорт и здравје со повеќе од 10 години искуство во фитнес индустријата. Неговите HIIT тренинзи се динамични, енергични и дизајнирани да извлечат максимум од секој учесник. Комбинирајќи кардио и силови вежби, Кирил помага во согорување калории, подобрување на кондицијата и затегање на телото. Со него, резултатите не се само цел – тие стануваат реалност.

Бојан Николовски носи енергија, мотивација и искрена љубов кон фитнесот во секој тренинг. Како дипломиран професор по физичко образование, спорт и здравје, тој знае како на професионален и пристапен начин да го пренесе своето знаење. Неговите тренинзи се комбинација од дисциплина, позитивност и континуирана поддршка, што им помага на клиентите не само да постигнат резултати, туку и вистински да се заљубат во процесот.

Тања Богоев е сертифициран учител по јога со долгогодишно искуство и длабока посветеност на личниот развој и благосостојбата на своите ученици. Нејзините часови комбинираат асани за зајакнување, истегнување и раздвижување на телото, со техники на дишење и медитација кои носат смиреност и внатрешна рамнотежа. Со Тања, јогата станува повеќе од тренинг – станува начин на живот исполнет со хармонија и свесност.

Загорка Видоевска е сертифициранa фитнес инструкторка со повеќе годишно искуство. Total body fusion претставува мултифункционален фитнес кој го опфаќа целото тело, користи вежби со сопствена тежина, лесни тегови, ластици, скокови и истегнувања, а се посветува  внимание на правилно изведување на вежбите и техники за дишење. Тренингот има за цел да го оформи и затегне целото тело, да ја подобри флексибилноста и фунционалноста на телото, со посебен акцент на затегнување на задникот и стомакот, што го прави идеален за понежниот пол.

Софија Граматикова Посветена на пилатес на реформер веќе неколку години, нејзиното патување со оваа дисциплина прерасна во вистинска страст и професија. Официјално обучена инструкторка по пилатес на реформер, школувана од признати интернационални едукатори. Работи според методологијата на Мајкл Кинг, еден од водечките имиња во меѓународниот пилатес свет. Со стекнатото знаење и искуство, со гордост го пренесува тоа знаење на своите клиенти, нудејќи тренинзи кои се базираат на стручни, меѓународно признати стандарди

Михаела Китановска е сертифициран инструктор по пилатес реформер која со својата енергија и посветеност го претвора секој тренинг во уникатно искуство. Нејзините часови комбинираат сила, баланс и елегантни движења, а реформерот овозможува активирање на целото тело на модерен и ефикасен начин. Со внимателен пристап и мотивација, Михаела помага секој да се чувствува посилно, пофлексибилно и полн со самодоверба.


ПЕРСОНАЛНИ ТРЕНЕРИ

Павле Пејовски е сертифициран тренер по фитнес и бодибилдинг со богато искуство и силна страст кон здравиот начин на живот. Работи со клиенти од различни возрасти и нивоа на подготвеност, креирајќи персонализирани програми што водат кон сигурен напредок. Неговата способност да се прилагоди на секој поединец, заедно со дисциплината што ја носи од своето искуство во таеквондо, го прави тренер кој инспирира доверба и резултати.

Борис Данески е дипломиран тренер по атлетика со повеќе од 16 години искуство како кондиционен тренер. Неговото професионално портфолио вклучува работа со врвни спортски тимови и федерации, каде стекнал длабоко знаење за развој на физичката подготвеност на највисоко ниво. Со систематичен пристап и високи стандарди, Борис им помага на клиентите да ја изградат својата сила, издржливост и перформанс – чекор по чекор, до врвна форма.

Андреа Петров

Андреа Петров е студент по нутриционизам, во завршна фаза од своите студии, со долгогодишно искуство во strength & conditioning тренинг. Неговото спортско искуство опфаќа различни дисциплини, при што најдолго активно се занимавал со пливање, а моментално е фокусиран на ММА. Преку континуирана едукација и следење на најновите истражувања во областа на фитнесот и исхраната, Андреа постојано го надградува своето знаење и практичен пристап. Со комбинација од спортско искуство, современи методи и посветеност, им помага на клиентите да изградат подобра физичка форма, перформанс и здрав начин на живот.

Мартин Видоевски

Мартин Видоевски е лиценциран персонален фитнес тренер со повеќе од 25 години искуство во фитнес индустријата. Неговото професионално искуство опфаќа работа со стотици клиенти, на кои им помага да ги постигнат своите цели преку индивидуален пристап, стручност и континуирана мотивација. Со долгогодишно искуство, посветеност и лидерски пристап, Мартин успешно го предводи тимот на Атлетик Фитнес во Дајмонд Мол, создавајќи средина насочена кон резултати, дисциплина и врвна физичка подготвеност.

Софија Граматикова e посветена на пилатес на реформер веќе неколку години, нејзиното патување со оваа дисциплина прерасна во вистинска страст и професија. Официјално обучена инструкторка по пилатес на реформер, школувана од признати интернационални едукатори. Работи според методологијата на Мајкл Кинг, еден од водечките имиња во меѓународниот пилатес свет. Со стекнатото знаење и искуство, со гордост го пренесува тоа знаење на своите клиенти, нудејќи тренинзи кои се базираат на стручни, меѓународно признати стандарди.

Михаела Китановска е сертифицирана инструктора по пилатес реформер која со својата енергија и посветеност го претвора секој тренинг во уникатно искуство. Нејзините часови комбинираат сила, баланс и елегантни движења, а реформерот овозможува активирање на целото тело на модерен и ефикасен начин. Со внимателен пристап и мотивација, Михаела помага секој да се чувствува посилно, пофлексибилно и полн со самодоверба.

Персонал

Јана Равојска е дел од тимот на Athletic Fitness каде работи на рецепција, место кое за неа претставува многу повеќе од работна позиција – тоа е средина исполнета со енергија, мотивација и здрав живот. Како студент на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, таа секојдневно го надградува своето знаење и искуство во областа што ја сака.

Нејзината желба е преку спортот и фитнесот да им помага на луѓето да се чувствуваат подобро, посилно и посигурно во себе. Во иднина се гледа како професионалец кој ќе продолжи да се развива во областа на спортот и здравиот начин на живот, инспирирајќи ги и другите да бидат активни и посветени на своето здравје.