HIIT со Кирил Стојановски
Динамичен HIIT тренинг за согорување калории, затегање на телото и подобрување на кондицијата. Тренинзите се комбинација од кардио и силови вежби кои го активираат целото тело, ја зголемуваат издржливоста и носат видливи резултати.
Без разлика дали го започнуваш денот со енергија или сакаш да се ослободиш од стресот по работа, HIIT тренинзите со Кирил се создадени да те мотивираат, предизвикаат и придвижат кон подобра форма.
Термини
- Вторник и четврток во 07:00 – Rise and Shine HIIT
- Вторник и четврток во 18:00 – After Work HIIT
- Сабота во 10:00 – Rise and Shine HIIT
Дознај повеќе за Кирил
Кирил Стојановски е дипломиран професор по физичко образование, спорт и здравје со повеќе од 10 години искуство во фитнес индустријата. Неговите тренинзи се енергични, структурирани и прилагодени за секој што сака да ја подобри својата физичка подготвеност и да се чувствува посилно и поздраво.
Со професионален пристап и постојана мотивација, Кирил им помага на вежбачите да ги поместат сопствените граници и да ги претворат целите во реални резултати.