Functional Fitness & Fat Burning со Бојан Николовски

Динамичен тренинг кој комбинира сила, издржливост и функционално движење за целосна трансформација на телото. Тренинзите се дизајнирани да помогнат во согорување калории, подобрување на кондицијата и градење на силно и функционално тело.

Со енергичен пристап и постојана мотивација, Бојан создава атмосфера што те турка надвор од зоната на комфор и те инспирира да го дадеш својот максимум на секој тренинг. Ова е тренинг за сите кои сакаат предизвик, резултати и чувство на вистинска физичка моќ.

Термини

  • Понеделник и среда во 19:00
  • Понеделник и среда во 20:00

Придобивки од тренингот

  • Согорување калории и намалување на масти
  • Подобрување на сила и издржливост
  • Подобра кондиција и физичка подготвеност
  • Развој на функционално движење и стабилност
  • Поголема енергија и самодоверба
ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ ЗА БОЈАН НИКОЛОВСКИ

Бојан Николовски е дипломиран професор по физичко образование, спорт и здравје кој носи енергија, мотивација и искрена љубов кон фитнесот во секој тренинг.

Неговите часови се комбинација од дисциплина, позитивност и континуирана поддршка, со цел секој клиент не само да постигне резултати, туку и да изгради здрав и активен животен стил. Со Бојан, тренингот станува предизвик во кој уживаш и процес во кој постојано напредуваш.