Андреа Петров е студент по нутриционизам, во завршна фаза од своите студии, со долгогодишно искуство во тренинзи за сила и кондиција (strength & conditioning). Неговото спортско искуство опфаќа различни дисциплини од пливање до боречки вештини. Андреа постојано го надградува своето знаење и практичен пристап преку континуирана едукација и следење на најновите истражувања во областа на фитнесот и исхраната. Со комбинација од спортско искуство, современа методологија и посветена работа, им помага на клиентите да изградат подобра физичка форма, перформанс и здрав начин на живот.