Total Body Fusion со Загорка Видоевска
Мултифункционален тренинг кој го активира и обликува целото тело преку комбинација од вежби со сопствена тежина, лесни тегови, ластици, скокови и истегнувања. Тренингот е насочен кон подобрување на силата, флексибилноста и функционалноста на телото, со посебен акцент на затегнување на стомакот и задникот.
Часовите со Загорка комбинираат динамика, правилна техника и контролирано дишење за да овозможат безбеден и ефикасен тренинг со видливи резултати. Овој тренинг е идеален за сите кои сакаат да се чувствуваат посилно, поенергично и поудобно во сопственото тело.
Термини
-
Понеделник, среда и петок во 18:00
Придобивки од тренингот
-
Обликување и затегање на целото тело
-
Подобрување на флексибилноста и мобилноста
-
Зајакнување на стомакот и задникот
-
Подобрување на држењето и функционалноста
-
Поголема енергија и физичка издржливост
ПОВЕЌЕ ЗА ЗАГОРКА ВИДОЕВСКА
Загорка Видоевска е сертифицирана фитнес инструкторка со повеќегодишно искуство и посветеност кон здравиот и активен начин на живот.
Нејзините тренинзи се внимателно структуирани со фокус на правилно изведување на вежбите, техника на дишење и постепен напредок. Со позитивна енергија и мотивирачки пристап, Загорка создава атмосфера во која секој може да се почувствува силно, самоуверено и мотивирано да напредува.