ATHLETIC PROTOCOL
Тренинг насочен кон подобрување на перформансите, кој комбинира вежби за агилност, плиометрија, класичен тренинг со тежини и работа со кетлбел.
Создаден за подобрување на брзината, експлозивноста, координацијата, силата и целокупната атлетска подготвеност — без разлика дали си спортист или едноставно сакаш да тренираш како спортист.
Термини
- Понеделник и среда во 17:00
Стефан Николовски е сертифициран фитнес и кондиционен тренер со долгогодишно искуство во спортот, меѓу кое околу 20 години во фитнесот. Неговата спортска основа доаѓа од натпреварувачка тениска кариера на национално и меѓународно ниво, надополнета со искуство во трчање и тренинг за сила и кондиција.
Како тренер, неговата цел е да воведе организираност во тренажниот процес. А според индивидуалните преференци за тренирање, како и потреби и цели на вежбачите, да се стигне на безбеден и ефикасен начин до посакуваниот резултат – од подобрување на општата физичка подготвеност до спортски перформанс.