За Нас

мисијата на Атлетик Фитнес

Атлетик Фитнес е за сите што сакаат да ја одржуваат својата форма во секоја возраст: деца и млади, татковци и мајки, баби и дедовци.

Веруваме дека физичката активност е одлично средство за превенција на здравјето и забавување на процесот на стареење. Фитнесот за здравје има многубројни придобивки:

  • се одвива во здрава и пријатна социјална средина;

  • развива квалитети неопходни во секојдневието како агилност, флексибилност, издржливост и сила;

  • успешно се бори со некои хронични заболувања како хипертензија, дијабетес, срцеви заболувања, остеопороза и други;

  • го подобрува мускулниот тонус и ги намалува наталожените масти.

Исто така придонесува за подобро функционирање на основните системи на организмот:

  • респираторен систем (подобрување на капацитетот на белите дробови),

  • коскен систем (зголемување на коскената густина и забавување на процесот на остеопороза),

  • нервен систем (подобрување на рефлексите и активирање на целата нервна мрежа),

  • ендокрин и имунолошки систем (контрола на нивото на шеќер во крвта, зајакнување на имунитетот) и

  • кардиоваскуларен систем (подобрена циркулација во телото).

Што е Фитнесот за нас?

Многу луѓе го мешаат фитнесот со кревање тегови, градење мускули, плочки на стомакот, слабеење и сл. Да, тоа се дел од вежбите и резултатите од фитнесот, но со тоа не се опфаќа сè.

За нас во Атлетик Фитнес, фитнесот пред сè е здравје и ако треба да го дефинираме во кратка реченица, би рекле дека тој е секоја физичка активност што води кон подобрување на физичката и психичката форма.

Фитнес е кога пливаш во морето, шеташ во планината, тренираш на отворените спортски игралишта во паркот, возиш велосипед… сè на сè – секоја активност што ја подобрува формата.

За жал, не можеме секој ден да одиме во планина или да пливаме во море, без разлика на сезоната и ограниченото време со кое располагаме. Но затоа можеме да ја посетуваме фитнес салата секој ден, независно од временските услови и сезоната. Тоа е и главната причина зошто ги отворивме и ги оперираме нашите фитнес клубови – за да обезбедат удобност да ги практикуваме омилените физички активности во секојдневна достапна средина.

Често слушаме прашања и коментари од типот: „Зошто да одам во фитнес, јас трчам по цел ден дома или на работа. На крајот на денот сум скршен…“. Сепак, сметаме дека фитнесот не треба да се меша со домашните обврски како чистење, миење садови и прозорци, грижа за деца, пазарење и слично. Сето тоа е физичка активност, но не е фитнес, бидејќи не доведува до подобрување на физичката форма (а уште помалку на психичката).

За да се постигне подобрување на физичката форма, физичката активност мора да биде насочена и да исполнува одредени услови. На пример, ако шетаме бавно и пулсот е малку над нормалниот – тоа не води до подобрување на формата. Но ако шетаме побрзо и пулсот ни достигне над 120 удари во минута – тоа веќе води до подобрување на физичката форма.

Ако креваме греди, градежни материјали или кофи со бетон, како што прави еден работник на градилиште – тоа е физичка активност, но не води до подобрување на неговата форма.

Фитнесот не треба да се меша со секојдневната физичка работа и затоа ние се држиме до нашата дефиниција дека:
„Физичката активност што води до подобрување на физичката и психичката форма – тоа е фитнес.“

Фитнесот е здравје и долговечност!

Фитнесот за нас е пред сè здравје. Кога сме во подобра физичка форма, мускулите, тетивите, крвотокот – воопшто сите системи во нашето тело – се подобруваат. Тоа помага за одржување на добро здравје. Ако се навратиме на примерот со секојдневната физичка работа – таа не води до подобро здравје, па дури во многу случаи има и обратен ефект. Може да предизвика побрзо трошење на зглобовите и да се наталожи голем замор, кој е сосема различен од заморот по една добра тренинг-сесија. Благодарение на последната сме еден чекор поблиску до подобро здравје и подобро функционирање на нашиот организам.

Една од другите цели да бидеме во добра физичка форма е да останеме активни со напредувањето на возраста, или така нареченото „активно долговечност“ (active ageing). Не е поентата да доживееме 80, 90 или 100+ години и едвај да се движиме. Треба и во понапредната возраст да можеме да бидеме физички активни, да не им бидеме товар на нашите блиски и да имаме квалитетен живот.

Не треба да чекаме да наполнеме 80 години за да се сетиме на тоа – иако ни тогаш не е доцна, како што покажува нашето искуство со дел од нашите омилени клиенти. Но треба да размислуваме за тоа време однапред – да создадеме навики и потреба телото редовно да извршува физичка активност, што е и најважното. Една добра и достапна алтернатива за тоа е редовното посетување на фитнес сала.

Фитнесoт e начин на живот

Ајде да ја разгледаме идејата за бескрајни и крајни игри.
Игри како фудбалот и шахот имаат почеток и крај, играчите се познати, правилата се дефинирани, целта е јасна. По завршувањето има победници и поразени. Таквите игри ги нарекуваме „крајни“.

Бескрајни игри, како бизнисот, политиката или самиот живот, траат бескрајно – финалe не постои. Победници и поразени нема. Целта е да останеш во играта.

Ако ја примениме оваа теорија на фитнесот, целта не е да постигнеме само подобро тело, поголеми мускули или слабеење. Главната цел е ЗДРАВЈЕ.
Фитнесот е начин на живот! Тој помага за развивање и одржување на сите системи во телото: имунолошки, двигателен, мускулен, коскен, крвотечен, респираторен, како и нервниот систем, кој пак е одговорен за нашата психичка состојба.

Овие размислувања звучат особено актуелно и убедливо во контекст на ситуацијата со „COVID-19“. Најсигурната заштита против коварните вируси е сопствениот имунолошки систем. А тој, како што знаеме, е многу посилен кај луѓе што редовно практикуваат физичка активност. Дури и вакцините делуваат најдобро ако имаме силен имунитет. Тоа е затоа што антигенот од вакцината ја стимулира имунолошката система да го запомни, препознае како закана и да го уништи. Самото справување со вирусот е дело на нашиот имунитет, кој вакцината само го поттикнува на реакција.

Во заклучок, со редовен тренинг го вооружуваме телото со моќно оружје против надворешни штетници. Најважно е да „учествуваме во играта“ постојано и редовно. Временските подеми и падови во формата се нормални, но ако не се откажеме, наградата е најпосакуваната од сите – ЗДРАВЈЕ.
Постои ли подобра мотивација за одење во фитнес од оваа?

Поздрав,
Тимот на Атлетик Фитнес