БЕСПЛАТЕН ПЕРСОНАЛЕН ТРЕНИНГ ВО ATHLETIC FITNESS
Започнете правилно. Започнете со професионалец.
Без разлика дали вашата цел е слабеење, зголемување на мускулна маса, подобрување на кондицијата, намалување на болките во грбот или едноставно поздрав и поактивен начин на живот, најважниот чекор е да започнете со вистински план.
Затоа Athletic Fitness ви овозможува бесплатен персонален тренинг со еден од нашите сертифицирани тренери.
За време на тренингот ќе добиете:
✔ Проценка на вашата физичка подготвеност
✔ Разговор за вашите цели и очекувања
✔ Анализа на животниот стил и навиките
✔ Насоки за правилно вежбање
✔ Индивидуален тренинг прилагоден на вашите потреби
✔ Стручни совети од искусен персонален тренер
Тренинг создаден според вас
Секој човек е различен. Затоа пред тренингот ќе ве замолиме да пополните краток прашалник за вашиот животен стил, работни навики, физичка активност, здравствена состојба и цели.
Овие информации ќе му помогнат на нашиот тим да го избере најсоодветниот тренер и да подготви тренинг кој ќе одговара токму на вас.
Како да се пријавите?
1. Пополнете ја формата за регистрација на ЛИНКОТ.
2. Одговорете на неколку кратки прашања за вашите цели и навики.
3. Нашиот тим ќе ве контактира телефонски.
4. Заедно ќе го договориме терминот за вашиот бесплатен персонален тренинг.
Запознајте ги нашите персонални тренери
Нашиот тим го сочинуваат сертифицирани и искусни фитнес професионалци со различни специјалности – од strength & conditioning и атлетска подготовка до body transformation, Pilates и функционален тренинг.
Тие ќе ви помогнат да изградите сила, самодоверба и здрави навики преку стручно водство и индивидуален пристап.
Не го одложувајте почетокот.
Вашето најсилно „утре“ започнува денес.
Пријавете се за бесплатен персонален тренинг и направете го првиот чекор кон подобра физичка форма, повеќе енергија и поквалитетен живот.