Day breaker со Виктор Шубески

Динамичен функционален тренинг кој комбинира сила, издржливост, кардио и координација за развој на силно, подготвено и функционално тело. Тренинзите се насочени кон подобрување на физичката кондиција, зголемување на издржливоста и развивање на силата преку разновидни и ефективни вежби.

Како дипломиран професор по физичко образование, спорт и здравје, со 7-годишно искуство и лиценциран инструктор по скијање, Виктор пристапува кон тренингот со знаење, енергија и посветеност. Неговиот пристап комбинира правилна техника, динамика и постојан предизвик, мотивирајќи те да ги поместуваш сопствените граници и да го извлечеш максимумот од секој тренинг.

Термини

Вторник и четврток 07:00-7:50