Доколку сакате да ја подобрите силата, држењето на телото, флексибилноста и целокупната физичка подготвеност, Reformer Pilates е одличен избор. Без разлика дали сте почетник или веќе сте физички активни, часовите се прилагодуваат на вашето ниво и цели.
Подготвивме месечни пакети кои ви овозможуваат да изберете динамика што најмногу ви одговара.
Пакети без членство
• Пилатес со 4 часа – 3.080 ден.
• Пилатес со 8 часа – 5.240 ден.
• Smart Pilates со 4 часа – 2.460 ден.
Smart Pilates со 8 часа) – 4.620 ден.
Пакети со активно членство
• Пилатес со 4 часа – 2.160 ден.
• Пилатес со 8 часа – 4.000 ден.
• Smart Pilates со 4 часа– 1.540 ден.
• Smart Pilates со 8 часа – 2.780 ден.
Пакетот можете лесно да го активирате преку мобилната апликација Athletic Fitness Skopje, каде што ќе можете и да ги резервирате термините што најмногу ви одговараат.
Reformer Pilates
Откриј го тренингот кој ги комбинира силата, контролата и елеганцијата на движењето. Reformer Pilates е модерен и ефикасен начин на вежбање кој помага во зајакнување на телото, подобрување на држењето и создавање баланс помеѓу телото и умот.
Преку контролирани движења и работа на специјализираниот реформер, тренинзите овозможуваат активирање на целото тело со минимален притисок врз зглобовите. Без разлика дали си почетник или веќе имаш искуство со пилатес, Reformer Pilates нуди безбеден и ефикасен пристап кон подобра форма, поголема флексибилност и чувство на стабилност.
Зошто Reformer Pilates?
Reformer Pilates не е само тренинг — тоа е целосно искуство за телото и умот.
Придобивки од Reformer Pilates
- Зајакнување и обликување на целото тело
- Подобрување на држењето и телесната стабилност
- Подобрување на флексибилноста и мобилноста
- Активирање на core мускулатурата
- Намалување на напнатоста и болките во грбот
- Подобра координација, баланс и контрола
- Безбеден тренинг со низок impact врз зглобовите
- Поголема енергија и телесна свесност
Што е Reformer Pilates?
Reformer Pilates е форма на пилатес која се изведува на специјализирана справа наречена реформер. Таа користи систем на пружини и контролирано движење за да создаде отпор и поддршка при вежбањето.
За разлика од класичните тренинзи, Reformer Pilates работи на длабоките мускули, стабилноста и правилното држење на телото. Секое движење е прецизно, контролирано и насочено кон подобрување на силата, мобилноста и балансот.
Овој тип на тренинг е идеален за:
- Почетници и рекреативци
- Луѓе кои сакаат обликување и затегање на телото
- Подобрување на posture и мобилност
- Намалување на стрес и мускулна напнатост
- Активен recovery и превенција од повреди
reformer pilates тренери
Тања Богоев
Термини
Викторија дунимаглоска
Викторија е доктор по медицина и сертифициран Reformer Pilates инструктор. Reformer Pilates е тренинг кој преку контролирани движења, правилно дишење и прецизна техника придонесува за зајакнување на целото тело, подобрување на флексибилноста, стабилноста и правилното држење. Посебен акцент се става на активирање на длабоката мускулатура (core), подобрување на рамнотежата и функционалноста на телото, додека истовремено овозможува ментална релаксација и ослободување од секојдневниот стрес.
Со медицински пристап, внимание кон правилното изведување на вежбите и индивидуалните потреби на секој вежбач, Викторија создава пријатна и мотивирачка атмосфера во која секој може да напредува со свое темпо, чувствувајќи се посилно, пофлексибилно и исполнето по секој тренинг.
Термини
Вторник и четврток 20:00
Започни денес
Направи чекор кон посилно, пофлексибилно и поизбалансирано тело. Reformer Pilates е тренинг кој носи видливи резултати, подобро држење и чувство на леснотија во секојдневното движење.
Резервирај го своето место и искуси ја трансформативната моќ на Reformer Pilates.