Вежбај со Кате

Функционални и full body тренинзи насочени кон развој на сила, издржливост и обликување на телото. Тренинзите комбинираат динамични вежби за целото тело кои помагаат во подобрување на кондицијата, стабилноста и секојдневната подвижност.

Часовите со Катерина се создадени за сите нивоа на подготвеност и нудат мотивирачка атмосфера каде секој може да напредува со сопствено темпо. Со фокус на правилна техника и континуиран напредок, секој тренинг носи енергија, самодоверба и видливи резултати.

Термини

  • Вторник и четврток во 19:00
  • Среда и петок во 10:00

Придобивки од тренингот

  • Развој на сила и издржливост
  • Подобрување на стабилноста и балансот
  • Обликување и затегање на телото
  • Подобрување на мобилноста и координацијата
  • Повеќе енергија и подобра физичка подготвеност
Дознај повеќе за Катерина Филиповска

Катерина Филиповска е сертифициран фитнес тренер која верува во индивидуален пристап и реални, одржливи резултати. Нејзините функционални групни тренинзи и персонални full body сесии се внимателно прилагодени на потребите и целите на секоја клиентка.

Како лиценциран тренер за Reformer Pilates, Катерина помага во подобрување на стабилноста, балансот и обликувањето на телото, а преку заедницата „Вежбаме со Кате“ создава позитивна и мотивирачка атмосфера во која секој се чувствува поддржано и инспирирано.